четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 158
home Ракомет

ВИДЕО: Крвнички старт врз Дисингер, германецот хитно пренесен во болница

ВИДЕО: Крвнички старт врз Дисингер, германецот хитно пренесен во болница

Ракометарот на Вардар, Кристијан Дисингер ја заврши сезоната на 11 секунди пред крајот на првото полувреме против екипата на ППД Загреб во финалето на СЕХА-лигата. Дисингер доби тежок удар од Поточник, а при падот дојде до тешка повреда на неговата лева рака.

Иако не се работи за шутерската рака, сепак, излезе неговиот лакт, па ова ќе значи долга пауза така што нема да може да помогне до крајот на сезоната на главните средби од шампионатот и во ЛШ и во првенството на Македонија.

Докторите му укажуваа неколку минути помош на Дисингер кој можеше да се забележи дека е свесен.

Иако првиот впечаток беше дека се работи за скршеница на раката, очигледно дека се работи за кинење или истегнување на лигаментите на левиот лак, но најдобро ќе се знае после прегледите во болницата во Брест.

Дисингер стана на нозе и така го напушти теренот, но дефинитивно се работи за тешка повреда така што ова ќе биде хендикеп и до крајот на средбата, но и до крајот на сезоната.

Извор: 24rakomet.mk

 

Коронавирус