вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 163
home Ракомет

ВИДЕО: Комити не забораваат, стоечки овации за Игор Карачиќ

ВИДЕО: Комити не забораваат, стоечки овации за Игор Карачиќ

Уште еден ракометар од златната генерација на Вардар се најде на спротивната страна на теренот во СЦ „Јане Сандански“.

Игор Карачиќ по седум години минати во дресот на македонскиот првак денеска за првпат ќе игра против своите другари, денеска за првпат пеколната атмосфера во Скопје поинаку ќе ја почувствува. Но, како што е редот пред стартот на дуелот со Келце, фановите со овации го поздравија својот миленик.

Навивачите му одадоа почит на ракометарот кој го остави срцето на теренот, играчот кој плачеше во тешките моменти, играчот кој Македонија и Скопје ги нарече свој втор дом.

Столе му подари дрес на кој пишуваше: Кара фала ти за се!

Публиката пак очекувано го исвирка тренерот на Келце, Талан Душебаев.

извор: sportmedia.mk