Младинскиот репрезентативец на Македонија, Ален Ќосевски, имаше шанса да го носи дресот на првиот тим на Вардар на мечот против Нексе во СЕХА-лигата и успеа да го даде првиот гол во натпреварувањето.
„Црвено-црните“ како фаворити славеа над Нексе, а во финишот, кога ситуацијата беше јасна и Вардар имаше предност од пет гола, Писонеро им даде шанса на помладите, меѓу нив и Ќосевски. Крилото добро ја искористи дадената прилика и возврати со деби-гол.
Ќосевски натпреварот против Нексе го заврши со еден гол од вкупно два обида. Десното крило е родено во 2001 година, а пред да биде промовиран во првиот тим играше за Вардар Јуниор.
Извор: gol.mk