вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Игор Карачиќ го облече дресот на Киелце, но не го заборави и Вардар

ВИДЕО: Игор Карачиќ го облече дресот на Киелце, но не го заборави и Вардар

Ракометарот кој беше дел од сите успеси на тимот на Вардар во последните неколку години и учествуваше во подемот на „црвено-црните“, Игор Карачиќ после седум години во Скопје се пресели во Полска. Тој денеска пристигна во редовите на Киелце каде што ќе игра во следните сезони.

Карачиќ се договори со шампионот на Полска и во овој клуб ќе биде озвежување за бековската линија каде што има многу проблеми во сезоните.

Денеска беше и преставен пред медиумите и го облече жолтиот дрес каде што ќе има нови предизвици. Иако беше јасно дека сите фанови на Вардар сакаат и понатаму да го гледаат во клубот, сепак, тој од денеска и официјално е член на екипата која во последните години е редовно во врвот на европскиот ракомет, а во новата сезона ќе има исклучително силен тим.

 

„Поминав прекрасни седум години во Вардар, но сега имам договор со Киелце од три години. Сега сум во клуб каде што е и еден од најдобрите тренери во светот, Талант Душебаев и задоволен сум што ќе можам да соработувам со него и со дел од најдобрите ракометари во светот“, изјави Карачиќ.

Извор: 24rakomet.mk

Коронавирус