вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Голови во последните секунди кои ја одбележаа историјата на македонската ракометна репрезентација

ВИДЕО: Голови во последните секунди кои ја одбележаа историјата на македонската ракометна репрезентација

Фото- финишот на вчерашниот натпревар меѓу Вардар и Кил, каде европскиот шампион со гол од аут на пет секунди до крајот дојде до голема победа во Германија и се доближи чекор поблиску до завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн, каде лани ја освоија титулата.

Веќе пишувавме за головите во последните секунди со кои Вардар ја испиша историјата, тоа се головите на Лука Циндриќ и Иван Чупиќ на финалниот турнир во Келн лани, кога Вардар стана европски првак.

Покрај головите кои во Келн на Вардар му донесоа европски трофеј, голови во последната секунда има вкусено и македонската ракометна репрезентација.

Европското првенство во 2012 година кога Македонија го постигна својот најголем успех во Србија, стигнувајќи до петтото место, нашата репрезентација можеше да стигне и до најдобрите четири ако не беше голот на две секунди до крајот кој го постигна Данска. Имено, Македонија го имаше последниот напад од натпреварот и капитенот Кире Лазаров реши да ризикува со шут за победа, шут кој за голема штета беше одбранет од данскиот голман, а потоа топката преку Хансен со молњевита брзина заврши во рацете на Линдберг, која на 2 секунди до крајот успеа да постигне гол за победа од 33:32 за Данска.

Уште една ситуација каде што последните секунди одлучувале за многу важен резултат е мечот со Србија, каде Македонија имаше негатива од 27:26, резултат кој ја носеше Србија во следната фаза на европското првенство во 2016 година, но Дејан Манасков со гол на само три секунди до крајот, успеа да и донесе на Македонија пласман во следната фаза, а не елиминација уште во првата фаза, со исход каков што заврши Србија.

Коронавирус