четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Двојната одбрана на Борко Ристовски

ВИДЕО: Двојната одбрана на Борко Ристовски

Македонскиот голман Борко Ристовски блесна кога беше најпотребно и беше еден од носителите на Вардар до новата СЕХА-победа над Нексе (27-26).

Пред самиот крај, Ристовски го изведе потегот на мечот. Кевиќ имаше два обида да му донесе реми на хрватскиот вицепрвак, арно ама пред него се испречи Ристовски со феноменална двојна одбрана.

Двојната одбрана на Ристовски:

Голманот го заврши натпреварот со седум интервенции, а покрај двојната одбрана, имаше и удел во еден промашен пенал на Нексе на пет минути пред крајот. Вардар покрај над Нексе, во новата СЕХА-сезона славеше и против Војводина.

ЕУРО 2020

Македонија