сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Бутел обезбеди место во Европа, падна „големиот“ Металург

ВИДЕО: Бутел обезбеди место во Европа, падна „големиот“ Металург

Екипата на Бутел Скопје одигра одличен натпревар на домашен терен и ја забележа посакуваната победа над Металург (30-25), со која дојде до историски пласман во Европа.

  • Целиот натпревар меѓу Бутел и Металург:

На бутелчани им одговараше само триумф над тимот од Автокоманда, со што сега новајлијата во мак-елитата се зацврсти на четвртото место во македонскиот ракомет и ќе има европско деби. Бутел Скопје не разочара оваа сезона како дебитант во елитата и покажа дека тимот има квалитет да се натпреварува со секого.

Дуелот кај Бутел почна изедначено, се играше гол за гол и двете екипи си го предаваа водството се до 8-8, кога Металург додаде „гас“, па се одлепи на 8-12. Тоа беше резултатот и на паузата, а во стартните минути од вториот дел Бутел беше далеку подобар, па го сврте мечот во своја корист (15-14). Потоа, се водеше и со 18-16, па 20-17, за потоа, домашните да дојдат и до предност од 23-18, која беше недостижна за гостинот од Автокоманда.

Најдобар кај победникот беше Мајиќ со 11 гола, а Печенковски постигна седум погодока, додека кај Металург прво име беше Младеновиќ со четири гола.

Во последното коло Бутел Скопје гостува кај Еурофарм Работник, а доскорешните конкуренти за четвртото место, Пелистери Пролет 62 имаат меѓусебен натпревар во Битола.

Извор: gol.mk

Коронавирус