вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 130
home Ракомет

ВИДЕО: Борко и Никола, Македонците со најдобрите одбрани на колото во ЛШ

ВИДЕО: Борко и Никола, Македонците со најдобрите одбрани на колото во ЛШ
ЕХФ

Оваа седмица се одиграа и натпреварите од третото коло во ракометната Лига на шампионите, а ЕХФ вообичаено ги објавува најдобрите пет одбрани на колото.

Во најдобрите пет одбрани се наоѓаат двајцата македонски репрезентативци Борко Ристовски и Никола Митревски.

И двајцата чувари на мрежата имаа одлични партии, Ристовски блескаше во победата на Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“ против данскиот Алборг.

Митревски имаше огромен придонес во триумфот на Порто на незгодното гостување во Романија против Динамо Букурешт.

Најдобрите пет одбрани на колото во изборот на ЕХФ можете да ги погледнете ТУКА

Коронавирус