среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Бомбата на капитенот Кире Лазаров од десет метри

ВИДЕО: Бомбата на капитенот Кире Лазаров од десет метри

Македонија извонредно го почна натпреварот против големиот фаворит Шпанија во четвртото коло од Групата Б на Светското првенство во Германија и во Данска, но на крајот ни донесе пораз- 21:32, полувреме 12:13.

Овој неуспех значи дека утрешната средба против Исланд ќе решава за нашиот конечен пласман на светскиот собир.

Гол што е вреден за одбележување од првиот дел е погодокот на капитенот Кире Лазаров, во 24 минута со играч помалку на теренот.

Погледнете ја бомбата од десетина метри.