четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Ракомет

Веспрем се враќа во СЕХА, а Борозан како губитник ќе се врати во Скопје

Веспрем се враќа во СЕХА, а Борозан како губитник ќе се врати во Скопје
during the Final Tournament - Final Four - SEHA - Gazprom league, Gold Medal Match Vardar - Telekom Veszprém, Belarus, 09.04.2017, Mandatory Credit ©SEHA/ Stanko Gruden

Веспрем се враќа во СЕХА лигата од следната сезона! Пишува порталот 24rakomet.mk

Унгарскиот гигант во регионалната конкуренција играше три сезони, од 2014 до 2017 година. Во првите две сезони ја освојуваше титулата, додека во третата беше вицепрвак откако загуби од нашиот Вардар.

„Веспрем Арена“ беше домаќин на завршниот турнир во 2015 година, а сега повторно ќе биде кандидат за нов Ф4 во СЕХА. Деновиве се очекува да биде комплетирана листата на учесници во СЕХА, а последниот учесник најверојатно ќе биде Олимпијакос.