среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 151
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Ракомет

Веспрем прв се пласира на Ф4 во Келн

Веспрем прв се пласира на Ф4 во Келн

Данскиот ракометен тим на Алборг славеше со 37-35 против Веспрем во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), меѓутоа тоа не му беше доволно за место на Ф4-турнирот затоа што го загуби првиот меѓусебен дуел со 29-36.

Веспрем во текот на целото прво полувреме ја имаше предноста на своја страна, а во момент таа изнесуваше 14-11, по што на паузата унгарскиот тим замина со 21-20.

Алборг почна да се буди во завршницата на вториот дел и делуваше дека може до сензација, откако поведе со 34-31, меѓутоа Веспрем не дозволи изненадување и ја задржа негативата, по што запиша пораз од 35-37.

Македонскиот ракометар Дејан Манасков не постигна ниту еден гол, додека најдобри во неговата екипа беа Лауге и Мае со по шест гола.

Коронавирус