недела, 11. април 2021. Вести денес: 99
home Ракомет

Веспрем или Кил се осминафинални противници на Вардар во ЛШ!

Веспрем или Кил се осминафинални противници на Вардар во ЛШ!

Веќе се познати двата можни осминафинални противници на Вардар во Лигата на шампионите, а задачата за тимот на Стевче Алушовски во првиот нокаут-филтер нема да биде воопшто лесна и македонскиот претставник ќе важи за аутсајдер.

ЕХФ одлучи за одложената средба меѓу Алборг и Целје и ја регистрира со службена победа за словенечкиот тим. Тоа значи дека Кил сигурно завршува на третата позиција по крајот на групната фаза затоа што има подобар меѓусебен скор со Алборг, без разлика на исходот од дуелот со ППД Загреб каде „зебрите“ се апсолутни фаворити..

Поради фактот дека Веспрем е сигурно втор, бундеслигашот или унгарскиот тим ќе се противници на Вардар во осминафиналето. Ако Вардар загуби од Мешков Брест, противник сигурно ќе биде Веспрем затоа што „црвено-црните“ ќе завршат на седмата позиција, а седмиот вкрстува со вториот од другата група.

Доколку Вардар го победи Мешков Брест, треба да се надева на пораз на Порто со Елверум за да скокне на шестото место и во осминафиналето да игра против бундеслигашот Кил.

Досега, од осминафиналните пресметки потврдени се дуелите на Барселона и Елверум, односно Мешков Брест и Мотор Запорожје.

Изгледот на табелите во ЛШ:

Коронавирус