вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Ракомет

Веселин Вујовиќ: Борац не ми беше попатна станица

Веселин Вујовиќ: Борац не ми беше попатна станица

Искусниот ракометен стратег Веселин Вујовиќ од наредната сезона ќе застане на клупата на македонскиот ракометен шампион Вардар.

Моја грешка е што дојдов во Бања Лука и Борац, без подетално да ја запознам ситуацијата и играчкиот кадар во клубот. Но сè што направив како тренер, го направив со максимална посветеност и чисто срце. Не ми паѓа на памет да го расипам убавото доаѓање и средбата со градот и клубот и тоа чувство ќе го имам до крајот на мојот живот. Што се однесува до тоа, сето тоа беше за десетка. Сè што направив, го направив со голема посветеност и напор. Во два наврати, имав можност да заминам порано, но како што реков, не го доживеав Борац како попатна станица, останав да направам сè што е можно. За жал, вкусот остана малку горчлив поради неуспехот, но многу работи беа позитивни и јас сум благодарен на сите во Борац и Бања Лука“, изјави познатиот тренер на крајот од сезоната со оваа екипа.

Вујовиќ по третпат во кариерата ќе седне на клупата на Вардар. Првпат тој беше на чело на клубот од 2006 до 2009, а потоа од 2011 до 2013 година.

ЕУРО 2020

Македонија