Македонскиот ракометен репрезентативец Мартин Велковски искажа задоволство од искажаниот карактер на нашата репрезентација.
„Честитки до селекцијата на Австрија која се покажа како силен противник. Беше полесно кога игравме шест на шест, но знаевме дека ќе тргнат со играч повеќе бидејќи тоа е нивното главно оружје. Се боревме, се обидовме да ги исфрлиме од ритам, но тие се навистина добри во овој сегмент од играта. На крајот, стигнавме до реми исто како и против Унгарија, тешко ни е бидејќи потрошивме толку многу енергија… Стануваме се подобри и покажуваме дека можеме да играме на највисоко ниво против дел од најдобрите селекции од Европа“, изјави Велковски.