среда, 25. мај 2022. Вести денес: 151
home Ракомет

„Вечно дерби“ и во финалето на машкиот ракометен Куп

„Вечно дерби“ и во финалето на машкиот ракометен Куп

Скопски Вардар и Еурофарм Пелистер без проблеми се изборија за нова пресметка во битката за трофеј.

Откако првично Вардар победи во првото полуфинале против вториот тим на Еурофарм Пелистер, првиот тим на битолчани вечерва ја оправда фаворитската улога против Бутел и со сигурна победа закажа финална пресметка против вечниот ривал.

Пелистер победи со 25:21 и се чекираше како втор патник во финалето во Купот, во кое за противник ќе го има Вардар во битката за титулата.

Павлетиќ со шест гола беше најефикасен во победничкиот тим, еден помалку постигна Мандалиниќ, а по пет реализации имаа и Митев и Мајиќ во противничкиот табор.

Коронавирус