сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 33
home Ракомет

Вечер сите во СЦ „Борис Трајковски“: Да ги поддржиме нашите ракометари во натпреварот против Португалија

Вечер сите во СЦ „Борис Трајковски“: Да ги поддржиме нашите ракометари во натпреварот против Португалија

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија вечера го игра натпреварот против Португалија во рамки на Светското првенство кое се одржува во Скопје.

– Ракометната Федерација на Македонија Ве поканува на ден 14.08.2019 со почеток во 20:45 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски да дадеме поддршка на нашите репрезентативци за 1/8 натпревар со репрезентацијата на Португалија, информираат од РФМ на Фејсбук.

Влезот е слободен, натпреварот со директен пренос ќе биде пренесуван на ТВ Телма.