среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Вардаровата икона ќе стане татко

Вардаровата икона ќе стане татко

Еден од нашите најдобри ракометари – Столе Стоилов, наскоро ќе игра на уште една многу важна позиција во својот живот, за која воопшто не се сомневаме дека ќе биде одличен. Столе Стоилов наскоро ќе стане татко, пишува Еспресо.мк

Да, добро читате. Нашиот најдобар пикер за многу скоро ќе се оствари и во таа нова улога. Неговата избраничка, која досега не ѝ е позната на јавноста, се вика Деница и е од Скопје.

За нивната љубов знаат само најблиските,  а она што ѝ е познато на редакцијата на Еспресо.мк, Деница е по професија уметник.

Познато е дека Столе никогаш не сакал да зборува за својот приватен живот, но работата на естрадните новинари е секогаш да ја информираат јавноста и за приватниот живот на познатите личности…

Од порталот пишуваат дека се обиделе да стапат во контакт со Столе за потврда на оваа информација но не добиле одговор.

Извор: Еспресо.мк