среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Ракомет

Вардаровата икона денес слави роденден

Вардаровата икона денес слави роденден

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов денеска прославува роденден. Ракометарот кој важи за најголемиот борец во редовите на „црвено-црните“ денеска ќе наполни 32 години. За каков ракометар се работи и не треба посебно да се зборува и она што тој го постигна во последните години го имаат малкумина. Тој е и првиот ракометар од Македонија кој како капитен го има подигнато пехарот од Лигата на шампионите.

Роденден слави и Бојана Јованоска од Струга. Ракометарката на Стружанка денеска ќе го прослави својот 27. роденден.

На списокот на славеници е и Марко Ласица. Црногорецот кој го носи дресот на Бешикташ полни 31 година.

Среќен роденден Стојанче, Бојана и Марко!

Коронавирус