недела, 9. мај 2021. Вести денес: 104
home Ракомет

Вардарки против Ростов во полуфиналето на ЛШ

Вардарки против Ростов во полуфиналето на ЛШ

Екипата на ЖРК Вардар во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе игра со екипата на Ростов Дон, кој е дебитант на завршниците во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Во другото полуфинале ќе се сретнат актуелниот ампион Ѓер и ЧСМ Букурешт.

„Црвено-црните“ со Ростов Дон имаат одиграно само еден натпревар и тоа во битката за трофејот на меѓународниот турнир чиј домаќин беше Вардар. Русинките победија со 33:26.

Завршниот Ф4 турнир ќе се игра во арената „Ласло Пап“ во Будимпешта, на 12-ти и 13-ти мај. Термините за саботните полуфиналиња се 15:15 и 18:.00 часот, но дополнително ќе биде одредено кој меч кога ќе се игра.

„Фајнал-фор“ на ракометната Лига на шампиони, полуфинале:

Ростов Дон – ЖРК Вардар
ЧСМ Букурешт – Ѓер.

МИА

Коронавирус