петок, 7. мај 2021. Вести денес: 84
home Ракомет

Вардарки патуваат во Подгорица по медалите од ВРХЛ лигата

Вардарки патуваат во Подгорица по медалите од ВРХЛ лигата

Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата во регионалната женска ракометна ВРХЛ лига, па средбите во вторник и среда во Подгорица на последниот турнир ќа бидат само формалност.

Вардарки досега имаат седум победи и само едно реми по што ја обезбедија титулата.

Оваа сезона во ВРХЛ се одиграа пет турнири наместо ланските четири, а само Подравка го откажа учеството.

По осум одиграни натпревари Вардар е прв на табелата со 15 бода, пред Будуќност со 8 и Крим со 4 бодови.

Вардар утре игра со Будуќност во 19 часот во, а в среда се среќава со Крим во 17 часот.

Коронавирус