вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Ракомет

Вардарци му вратија на Мешков Брест- нова победа во Лигата на шампионите

Вардарци му вратија на Мешков Брест- нова победа во Лигата на шампионите

Вардар го совлада Мешков Брест со 7 гола разлика во вечерашниот меч кој се одигра во рамките на шестото коло од ракометната Лига на Шампиони.

Вардарци победија со 30:23, а победата си ја одработија последните 15 минути, кога беа и најдобри на терен.

На полувреме резултатот беше 14:14.

Оваа победа беше буквално и реванш за оној пораз од Мешков Брест во СЕХА првенството од пред некој ден.

Игор Карачиќ имаше свој натпревар, постигна 11 голови, а по 6 постигнаа Тимур Дибиров и Иван Чупиќ.

Вардар следниот меч во ЛШ го игра против големата Барселона, во Скопје на 11-ти овој месец.