недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Ракомет

Вардар во трка по потписот на двометрашот од ПСЖ!

Вардар во трка по потписот на двометрашот од ПСЖ!

По првиот Германец, во Вардар се подготвува терен и за прв Французин кој играл во скопскиот ракометен бренд. Многу имиња беа во игра за позицијата кружен напаѓач, но се чини дека во моментов до европскиот шампион најблиску е пивотмен од ПСЖ.

Станува збор за корпулентниот пивотмен на ПСЖ, Робин Дурт, кој требаше да биде дел од шпанскиот тим Ваљадолид. Дурт има 20 година и висина од 206 сантиметри, а веќе три сезони беше дел од ростерот на ПСЖ во Лигата на шампионите. Практично и да немаше минутажа покрај Тофт Хансен и Карабатиќ, па првиот и единствен погодок во елитното натпреварување го постигна против ПИК Сегед оваа сезона. Во француската лига даде осум голови на 17 натпревари.

Со кадетската репрезентација на Франција стана светски првак во 2017 година во Грузија, а се уште ја чека шансата кај сениорите. Дурт би требало да биде замената за Рожерио Мораес кој ја продолжува кариерата во Веспрем.

Доколку успее да го обезбеди потписот на високиот Французин, на Вардар ќе му недостасува уште еден кружен напаѓач, со оглед на тоа што Глеб Калараш заминува во Мотор Запорожје. Се очекува замената да биде младиот руски пивот Сергеј Горпишин.