вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 4
home Ракомет

Вардар утре го дознава својот противник во 1/2 финалето на ЛШ

Вардар утре го дознава својот противник во 1/2 финалето на ЛШ

Утре со почеток од 11:00 часот ќе биде извлечена ждрепката за полуфиналните двојки на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во Келн.

Вардар, Веспрем, Барселона и Киелце на 1. и 2. јуни во „Ланксес Арената“ ќе се борат за скапоцениот трофеј од најголемото натпреварување. Интересно сите четири екипи беа дел од најсилната група А, што само говори со какви противници Вардар играше во групната фаза.

На Ф4 турнирите нема изразити фаворити, секој може секого да победи и изненади.