сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 90
home Ракомет

Вардар тргна со убедлива победа во СЕХА

Вардар тргна со убедлива победа во СЕХА

Европскиот ракометен шампион Вардар оствари убедлива победа над дебитантот Пекинг со 37-23 (19-12) и ја оствари првата победа во овогодинешното издание на регионалната СЕХА Лига.

Прашањето на победникот во ниту еден момент не беше доведено во прашање, а тренерот на „црвено-црните“, Давид Писонеро им даде шанса на сите ракометари, вклучувајќи ги и најмладите.

Димитриоски и Шишкарев со по шест погодока беа најефикасни, а Дисингер и Чупиќ дадоа по пет. Гедбан на голот пак имаше 13 успешни интервенции.

Вардар во наредното коло од СЕХА гостување во Украина кај екипата на Мотор Запорожје.