сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Ракомет

Вардар со најмногу играчи во „Ол-стар“ тимот на ракометната Лига на шампиони

Вардар со најмногу играчи во „Ол-стар“ тимот на ракометната Лига на шампиони

Петмина членови на Вардар се најдоа во „Ол стар“ тимот на ракометната Лига на шампиони, четворица играчи и тренерот Роберто Парондо.

Во изборот на ЕХФ што траеше речиси еден месец, а на предлог на тренерите, соработниците на ЕХФ, медиа тимот, беа одредени кандидатите. Потоа навивачите гласаа и во тоа гласање доминираа токму вардарци.

Првпат се случува некој македонски тим да има волку играчи во Ол-стар тимот. По вторпат тренер на Вардар е најдобар (по Раул Гонзалез), по вторпат во изборот е и Тимур Дибиров.

Голманот Дејан Милосављев ја продолжи традицијата и го наследи Арпад Штербик кој лани беше дел од идеалниот состав.

Ол-стар тим во ЛШ за сезоната 2018/2019
голман: Дејан Милосављев – Вардар
лево крило: Тимур Дибиров – Варддар
лев бек: Микел Хансен – ПСЖ
среден бек: Кентан Мае – Веспрем
десен бек: Даинис Кристопанс – Вардар
десно крило: Иван Чупиќ – Вардар
пивотмен: Хулен Агинагалде – Киелце
млад играч: Лудовик Фабрегас – Барселона
дефанзивец: Блаж Благотиншек – Веспрем
тренер: Роберто Парондо – Вардар. (МИА)