сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар со комбиниран состав и без Парондо против Брест во СЕХА

Вардар со комбиниран состав и без Парондо против Брест во СЕХА

Екипата на Вардар на натпреварот од СЕХА лигата против Мешков, кој е на програма утре од 16:15 часот во Брест, ќе настапи со комбиниран состав. Шанса во мечот од регионалното натпреварување ќе добијат оние што помалку играат и оние од вториот тим на Вардар јуниор, соопштија од тимот.

За Белорусија не отпатувал ниту тренерот Роберто Гарсија Парондо.

Во тимот на Вардар, кој ќе излезе против Мешков, се најдоа: Јања Војводиќ, Владо Недановски, Мартин Поповски, Марко Мишевски, Марко Кизиќ, Калифа Гедбан, Стефан Атанасовски, Давид Гашовски, Стефан Крстевски, Дејан Кукуловски и Мартин Димов.

На клупата на утрешниот меч ќе седат Билјана Црвенковска и Стојан Петрушевски, тренерот на Вардар јуниор.

МИА