Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, денеска потврди дека се засилил со српскиот репрезентативец Урош Митровиќ, десен бек кој доаѓа од францускиот тим Тулуз.
Тој е леворак ракометар со солидно меѓународно искуство, а досега има настапувано и во австриската екипа Брегенц, како и за полскиот клуб Висла Плок.
Покрај тоа, ги носел дресовите на српските клубови Врбац и Црвенка. Митровиќ сезонава одигра 39 натпревари за својот клуб и за репрезентација, на кои постигнал 34 гола. Тој настапи за Србија во квалификациите за Европското првенство 2026, а претходно настапувал и за младинските категории.