среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар се „потенок“: Гедбан предвреме си оди?

Вардар се „потенок“: Гедбан предвреме си оди?

Калифа Гедбан може многу брзо, за неколку недели или еден месец да го напушти Вардар и да се пресели во Адемар Леон. Познато е дека тој има договор со шпанскиот клуб по завршувањето на сезоната да му се придружи, но според „Марка“ големи се шансите тој предвреме да го напушти Скопје и да замине во Шпанија.

Ова го потврди и првиот човек на Адемар Леон, кој вели дека се интензивирале преговорите и дека многу блиску се Гедбан предвреме да дојде во нивниот клуб.

Тоа значи дека Вардар останува уште без еден квалитетен ракометар.

Извор: СпортМедиа

Инаку, ракометарот на „црвено-црните“, Кристопанс и официјално го напушти вардаровото семејство и стана нов ракометар на германски Фуксе Берлин.