сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар пушти дополнителни 500 билети за мечот со Барселона

Вардар пушти дополнителни 500 билети за мечот со Барселона

Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона, од тимот соопштија дека се пуштени во продажба дополнителни 500 билети по цена од 150 денари.

Билетите за стоење и веќе се пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.

Натпреварот со Барселона е закажан за 11 ноември во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Вардар по пет кола има четири победи и еден пораз во Лигата на шампионите, а утре го пречекува белоруски Мешков Брест во дуел од шестото коло во групата „А“.