петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Вардар против Киелце за преземање на второ место во група

Вардар против Киелце за преземање на второ место во група

Ракометарите на Вардар в сабота се домаќини на Киелце во последниот натпревар оваа година во Лигата на шампионите.

– Играат брз ракомет со добра одбрана. Ние се подготвуваме добро. Овој меч е исклучително важен за нас, бидејќи со победа ќе се позиционираме на 2.место во групата и така ќе ја завршиме годината пред продолжението на натпреварите во февруари 2019. Најважно е да немаме падови во текот на натпреварот и 60 минути да покажеме дека можеме да играме добро. Играчите се максимално мотивирани, рече тренерот Роберто Парондо на денешната прес-конференција.

Капитенот Стојанче Стоилов посакува триумф и покрај проблемите со повредени играчи во таборот на „црвено-црните“.

– Очекуваме тежок натпревар со силен противник кој располага со одлични играчи. Се подготвуваме најдобро што можеме и покрај сите проблеми со кои се соочуваме. Играме дома, многу сакаме да го победиме Киелце, изјави Стоилов.

Тој ги повика своите соиграчи да не подлегнуваат на евентуални провокации какви што имаше од домашните играчи на мечот во Полска.

Натпреварот Вардар – Киелце од 10.коло во ЛШ се игра в сабота со почеток во 17 часот и 30 минути.

Коронавирус