понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 119
home Ракомет

Вардар преку Битигхајм до лидерската позиција во групата

Вардар преку Битигхајм до лидерската позиција во групата

Ракометарките на Вардар на домашен терен го совладаа германски Битигхајм со 30:22  и со оваа победа го обезбедија првото место во групата.

Македонскиот шампион, иако беше фаворит на средбата, во првиот дел на натпреварот не можеше лесно резултатски да се одлепи и да си обезбеди рутински тек на мечот.

Но победата на Вардар во ниту еден момент не беше ставена под знак прашалник, па на полувремето „црвено-црните“ заминаа со позитива од 13:8.

Во вториот дел вардарки во 37. минута поведоа со највисоки 18:11, а пред стартот на последните десет минути имаа шанса да за водство со двоцифрена разлика, но не искористија неколку напади.

Амандин Лејно одбрани неколку напади, а Андреа Лекиќ беше најефикасна со осум погодоци.

Вардар на последниот натпревар од главната фаза гостува кај Будуќност.(МИА)