петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 58
home Ракомет

Вардар поразен во Порто

Вардар поразен во Порто

Македонскиот ракометен шампион Вардар загуби во ракометната Лига на Шампионите на гостувањето против Порто со резултат 27-24.

Грешките во клучните моменти  Вардар го чинеа пораз во продолжение од сезоната во ЛШ по СП во Египед.

Порто со атомска брза игра и пеколни контри ја казни секоја грешка на „црвено-црните“.

Нашиот шампион не успеа да ја искористи и блескавата партија на Борко Ристовски, кој заврши со 15 интервенции. За Вардар ова беше трети пораз по ред во ЛШ, пред гостувањето кај францускиот ПСЖ.

Најефикасен кај Вардар беше Тимур Дибиров со осум гола од осум обида, а Борко Ристовски имаше 15 одбрани.  Русинот го следеа Јотиќ и Шеваљевиќ со по четири погодоци. Кај Порто Бранкињо постигна осум гола, пред Амадор со шест погодоци,Нашиот репрезентативец Никола Митревски за португалскиот тим имаше осум интервенции.

ЕУРО 2020

Македонија