среда, 14. април 2021. Вести денес: 2
home Ракомет

Вардар поразен од Мешков Брест, Веспрем противник во осминафиналето од ЛШ

Вардар поразен од Мешков Брест, Веспрем противник во осминафиналето од ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Вардар загуби од белорускиот Мешков Брест со32-36 и со пораз во Скопје ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите во машка конкуренција. „Црвено-црните“ финишираа на седмата позиција и со тоа го дознаа ривалот во нокаут фазата од најелитното друштво..

Избраниците на Алушовски завршија пред норвешки Елверум и во осминафиналната фаза ќе вкрстат со вториот од групата А, а тоа е Веспрем.

Вардар групната фаза ја заврши со три победи против Елверум, Флензбург и ПСЖ службена, три ремија (Елверум, Порто и ПСЖ службено) и дури осум порази.

Првите осминафинални натпревари се играат на 31 март/1 април, додека вторите се на 7/8 април. Првиот меч се се игра во Скопје, додека вториот во Веспрем.

Што се однесува до мечот во Скопје накдобар кај гостинскиот тим беше Валјупов со 12 гола од 12 обиди, пред Скубе со седум и Паниќ со шест, додека кај Вардар, Дибиров постигна девет, а пак Гаџа со седум гола.

foto:gol.mk

Коронавирус