недела, 27. септември 2020. Вести денес: 16
home Ракомет

Вардар патува без Стоилов, капитенот закрепнува по коронавирусот

Вардар патува без Стоилов, капитенот закрепнува по коронавирусот

Македонскиот првак Вардар 1961 ќе биде ослабен на отворањето на новата сезона во ракометната Лига на шампиони, откако „црвено – црните“ ќе бидат без Стојанче Стоилов на гостувањето кај Мешков Брест во првото коло.

Вардоровиот капитен успешно се излекува, откако беше заболен од коронавирус, но според информациите од Вардар на Стоилов ќе му биде потребно дополнително време да се врати во натпреварувачка форма.

Вардар му гостува на белорускиот првак идната среда.

Коронавирус