четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Ракомет

Вардар остана без Калараш

Вардар остана без Калараш

Рускиот репрезентативец Глеб Калараш по само една сезона си заминува од европскиот шампион Вардар. 28-годишниот дефанзивец потпиша договор на три години со украинскиот Мотор Запорожје.

Ова практично значи камбек на високиот Русин во Мотор, откако ги бранеше боите на овој тим во сезоните 2016 и 2017, по што замина во бундеслигашот Магдебург.

Иако Калараш откако ја освои титулата со Вардар во Келн, сакаше да го продолжи престојот во македонскиот тим, сепак договорот на Мотор веќе беше потпишан и тој ќе си замине од Скопје.

Освен за Мотор, Магдебург и Вардар, Калараш настапуваше и за тимот на Нева Санкт Петербург.

Извор: 24rakomet.mk