сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар од првиот барабан ги чека ривалите за ЛШ

Вардар од првиот барабан ги чека ривалите за ЛШ

Актуелниот европски првак Вардар од првиот барабан ќе ги чека можните противници во групната фаза од ЛШ во сезоната 2019/2020. Заедно со нас е и францускиот тим ПСЖ кој е рангиран исто така во првиот барабан и тоа значи дека барем во оваа фаза од натпреварувањето ќе бидеме во различни групи.

Според правилата во оваа фаза од ждрепката нема да биде дозволено во иста група да има два тима од иста земја. Тоа значи дека Веспрем и ПИК Сегед, Флензбург и Кил, Монпелје и ПСЖ нема да може да бидат во иста група.

Според ова, ПИК Сегед ќе биде во група со БАрселона за да го избегне Веспрем, а Мотор Запорожеј ќе биде заедно со шпанскиот тим.

Истото правило ќе се примени и за првакот од 2018 година, Монпелје кој ќе биде во група со Вардар за да се избегне ПСЖ. Тоа значи дека ППД Загреб ќе игра со ПСЖ.

РАНГИРАЊЕ ПРЕД ЖДРЕПКА

Барабан 1: Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција).

Барабан 2: Барселона (Шпанија), Веспрем (Унгарија).

Барабан 3: Флензбург (Германија), Келце (Полска).

Барабан 4: Мешков Брест (Белорусија), Алборг (Данска).

Барабан 5: Пик Сегед (Унгарија), Мотор Запорожје (Украина).

Барабан 6: ППД Загреб (Хрватска), Монпелје (Франција)

Барабан 7: Елверум (Норвешка), Порто (Португалија).

Барабан 8: Кил (Германија), Целје (Словенија).