четврток, 5. август 2021. Вести денес: 72
home Ракомет

Вардар носи десен бек од Куба

Вардар носи десен бек од Куба

Македонскиот шампион Вардар продолжува со формирањето на ростерот во пресрет на новата сезона. Откако беше решено тренерско прашање и задржани дел од играчите од минатата сезона на ред дојдоа и засилувањата.

По францускиот лев бек Бакари Диало, кој доаѓа од Трембле, уште еден ракометар што игра во францускиот шампионат треба да се пресели во Скопје. Станува збор за десниот бек на Данкерк, Јоел Куни Моралес.

Моралес е кубански интернационалец, кој има 34 години, висок е 190 цм и тежок 105 кг. Во последната сезона беше член на Данкерк и на 28 меча даде 29 гола. Претходно две години беше член на Иври и има одлични остварувања. Во сезоната 2018/19 на 13 меча даде 60 гола, додека во сезоната 2019/20 на 17 натпревари постигна 59 погодоци.

Моралес по заминувањето од Куба беше долги години во Португалија. Настапуваше за Аванка во сезоната, 2012/13, потоа го носеше две сезони дресот на Мадеира, пред да се пресели во Порто, каде остана девет години. Од Порто замина во Франција.

Вардар за следната сезона го има Едуардо Гурбиндо на десната бековска позиција, како и македонските ракометари Томислав Јагуриновски и Давид Савревски.

Моралес треба да биде деветтото засилување за „црвено-црните“ по македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, шпанскиот бек Едуардо Гурбиндо, Хрватот Анте Кудуз, српскиот интернационалец Дарко Ѓукиќ, полскиот репрезентативец Јан Чувара, кувајтскиот голман Али Сафар, како и Французите Тото и Диало.

Коронавирус