вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Ракомет

Вардар не признава шампиони: Црвено- црните со голема победа на гостувањето кај европскиот првак ја отворија сезоната во ЛШ

Вардар не признава шампиони: Црвено- црните со голема победа на гостувањето кај европскиот првак ја отворија сезоната во ЛШ

Со голема победа од гостувањето во Монпелје се враќа Вардар. 27:24 е конечниот резултат со кој европскиот шампион од пред две години го победи европскиот шампион Монпелје од ланската сезона и тоа на гостински терен.

Вардар во своите редови го имаше расположениот голман Владан Милосављев на чии крилја летна до големата победа на стартот, младиот српски голман собра 15 интервенции на овој меч.

Во тимот на Вардар расположени играчи имаше на секоја позиција, одличен меч одиграа Скубе, Борозан, Карачиќ, Чупиќ, Дибиров, Рожерио Мораеш…

Нашиот првак на полувремето замина со резултат 12:11 и предност од еден гол, додека на крајот таа предност ја зголеми за плус два и конечна победа од 24:27.