Ракометарите на европскиот првак Вардар ги одработуваат последните тренинзи во Скопје пред заминувањето за далечната Саудиска Арабија на Супер Глоуб. Добеа вест за тренерот Давид Писонеро е што Русинот Павел Атман ќе патува со екипата, а потоа лекарската служба ќе одлучи дали е подготвен за настап или не.
Капитенот Стојанче Стоилов веќе неколку месеци е во аут, а на листата му се придодаде и Толедо, кој три месеци ќе биде надвор од терените. Последното засилување на тимот, Калараш нема да може да му помогне на својот тим поради административни причини.
Вардар ќе игра директно во четвртфиналето и таму за прв противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Ал Мудхар и Њујорк. Со оглед на тоа дека „црвено-црните” се фаворити се очекува да се пласираат во полуфиналето, таму веројатно ривал би бил Кил од Германија.
На Супер Глоуб покрај Вардар ќе играат и екипите на Ал Вехда (Саудиска Арабија), Барселона (актуелен победник), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њујорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија) и Кил (Германија). Екипите се поделени во две групи и се игра по принцип на елиминација.