четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Ракомет

Вардар лесно се справи со Струга

Вардар лесно се справи со Струга

Ракометарите на Вардар продолжуваат со одличните игри и лесните победи во домашниот шампионат, откако во првиот денешен натпревар од 5. коло во плеј-офот на Суперлигата со убедливи 36-22 (20-10) славеа над екипата на Струга.

Векиќ, Атанасовски и  Димитриоски со по седум гола беа најпрецизни во таборот на Вардар, додека кај поразениот тим Симовски имаше шест, а Цветаноски пет гола.

Со оваа победа Вардар се враќа на лидерската позиција на табелата, додека Струга останува на дното со само два бода, освоени со реми средбите против Металург и Пелистер 2.

Коронавирус