сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 73
home Ракомет

Вардар купи голман: Доаѓам во градот кој е центар на ракометот!

Вардар купи голман: Доаѓам во градот кој е центар на ракометот!

Вардар полека започнува да го формира тимот за наредната сезона во која ќе ја брани европската титула освоена оваа година.

Сега црвено-црните се засилија на голманската позиција од каде што си замина Дејан Милосављев. Како замена за српскиот голман во Вардар пристигнува репрезентативниот голман на Летонија Артур Кугис.

Овој голман во репрезентацијата на Летонија е соиграч со Даинис Криштопанс, а посебно се прослави во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Во натпреварот против Словенија Криштопанс постигна 13 гола, а Кугис во последните секунди одбрани седмерец и Летонија победи со 25:24.
Кугис самиот потврди дека потпишал договор со Вардар.

„Среќен сум што одам во Вардар, еден од најдобрите ракометни клубови во светот. Овој договор ми поставува и цел да бидам најдобрата верзија од себе. Свесен сум дека доаѓам во градот кој центар на ракометот. Се надевам ќе можам да помогнам да постигнеме големи успеси“, изјави Кугис.

Во Вардар тој пристигнува од германскиот клуб Гросвалштад кој оваа сезона испадна од Бундес лигата.