петок, 13. декември 2019. Вести денес: 132
home Ракомет

Вардар ќе бара замена за Кристопанс на друго место: Котов го продолжи договорот со „мечките“

Вардар ќе бара замена за Кристопанс на друго место: Котов го продолжи договорот со „мечките“

Уште едно од потенцијалните засилувања за следната сезона за Вардар, што беа споменувани низ руските медиуми, нема со сигурност да се пресели во Скопје.

Десниот бек на Чеховски Медведи, Александер Котов, кој сезонава е меѓу најдобрите стрелци на „мечките“ заедно со Косоротов и Санталов, го продолжи договорот со рускиот првак.

Котов потпиша договор на три години со Чеховски Медведи и ќе го продолжи престојот во подмосковието до 2023 година.

Вардар ќе остане само со Жозе Толедо на десната бековска позиција идната сезона, па замената за Даинис Кристопанс, кој ќе оди во ПСЖ, ќе мора да ја бара надвор од Русија.

извор: 24rakomet.mk