петок, 30. јули 2021. Вести денес: 8
home Ракомет

Вардар и Пелистер ги дознаа термините и противниците за нокаут фазата во СЕХА

Вардар и Пелистер ги дознаа термините и противниците за нокаут фазата во СЕХА

Регионалната ракометна СЕХА лига денеска ги објави датумите за одигрување на натпреварите од четвртфиналето во кое пласман покрај двете македонски екипи, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, обезбедија и ППД Загреб, Нексе, Мотор Запорожје, Веспрем, Мешков Брест и Татран Прешов.

Нокаут фазата, како што е соопштено, почнува на 21 август со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест. На 24 август на распоредот се два натпревари, Татран – Мотор и Нексе – Веспрем, додека првите четвртфинални натпревари ќе бидат заокружени на 26 август со пресметката меѓу Вардар 1961 и ППД Загреб.

Еурофарм Пелистер својот реванш-натпревар против Мешков Брест ќе го игра на 29 август, додека Вардар ќе му гостува на Загреб на 31 август.

Вкупните победници ќе обезбедат пласман на фајналфор турнирот, а титулата ја брани Веспрем.

Коронавирус