понеделник, 9. мај 2022. Вести денес: 181
home Ракомет

Вардар и Пелистер ги дознаа ривалите во новата сезона на СЕХА лигата

Вардар и Пелистер ги дознаа ривалите во новата сезона на СЕХА лигата

Македонските ракометни тимови на Вардар и Еурофарм Пелистер ги дознаа ривалите за новата сезона во СЕХА лигата.

Имаме десет учесници од седум различни земји, а во однос на претходната кампања имаме една промена, Партизан ќе ја замени Металопластика Шабац. Токму „црно-белите“ ќе бидат еден од ривалите на Пелистер во групата А каде се уште Веспре, ППД Загреб и Татран Прешов.
Кога е во прашање Вардар тој е во групата Б со Мешков Брест, Мотор Запорожје, Нексе и Војводина. Извршниот комитет на СЕХА воедно одлучи Веспрем и Мешков Брест да не играат во групната фаза, односно добија директен пласман во четвртфиналето.

Коронавирус