вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 62
home Ракомет

Вардар и Куманово ќе играат во финалето на женскиот ракометен Куп

Вардар и Куманово ќе играат во финалето на женскиот ракометен Куп

Во финалето на женскиот ракометен Куп на Македонија ќе се сретнат Вардар и Куманово кои ќе се  борат за пехарот.

Во првото полуфинале Куманово го совлада Металург со 27-23. Домаќинките го одржуваа притисокот, чувајќи минимална негатива во првиот дел, па на пауза заминаа само со 12-13. Сепак, Куманово го почна второто полувреме со серија голови и се одлепи на 19-14, па Металург не успеа докрај да се врати. Боризовска, Јанкуловска и Џамкиќ постигнаа по шест гола.Во Металург исто така Тасевска постигна шест погодоци.

Во второто полуфинале Вардар го победи Чаир со 31-27. Трпевска, Дамјановска и Стојановска со по пет гола го предводеа победникот, додека кај чаирчанки Рахмани беше најдобра со осум погодоци.

Во утрешното финале, од 14.30 часот, вардарки ќе го бркаат седмиот пехар од Купот, а кумановки ќе го бранат единствениот, освоен пред точно две години.

Коронавирус