четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 37
home Ракомет

Вардар го победи Еурофарм Пелистер во „Јане Сандански“ во Скопје

Вардар го победи Еурофарм Пелистер во „Јане Сандански“ во Скопје

Македонскиот машки ракометен шампион Вардар го доби првото големо дерби против Еурофарм Пелистер во домашното првенств со 29-25 о, со што му се реваншираше на големиот ривал од Битола за претрпениот пораз во Суперкупот.

Вардар го диктираше темпото во најголемиот дел од мечот, а иако Еурофарм доби шанса да дојде на само минус еден на пет минути пред крајот, избраните реакции во нападот се покажаа како кобни за гостите на денешното дерби.

Ракометарот на Вардар Тимур Дибиров постигна дури десет гола , а одлични во офанзивниот дел беа и Талески и Моралес кои имаа по пет погодоци.

На спротивната страна, по пет гола постигнаа хрватските ракометари Кушан и Мандалиниќ.

foto: gol.mk

Локални избори 2021