вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 88
home Ракомет

Вардар го доби новото засилување, уште еден репрезентативец потпиша за европскиот првак

Вардар го доби новото засилување, уште еден репрезентативец потпиша за европскиот првак

Европскиот првак Вардар прави уште еден голем чекор кон комплетирање на ростерот за сезоната 2020/21. Репрезентативното крило Гоце Георгиевски ја заврши својата епизода во Романија се одлучи за понудата на Вардар, пред таа на Металург и прашање на време е кога неговиот трансфер ќе биде официјализиран, дознава Gol.mk.

Понудата на двократниот европски првак е поповолна и поактуелна, па репрезентативецот ќе биде тандем со Чупиќ на позицијата десно крило. Георгиевски со Вардар повторно ќе игра во Лигата на шампионите, натпреварување во кое настапуваше со Металург.

33-годишникот ги носеше дресовите на Металург, Тулуз и ЦСМ Букурешт, а пред неколку месеци за неговите услуги се интересираше и Еурофарм Пелистер.

До овој момент Вардар се засили со Санталов, Јагуриновски и Талески, а ги обнови договорите со Мишевски, Ристевски, Дибиров, Стоилов, Чупиќ, Калараш и Дисингер.