недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Ракомет

Вардар ги дозна противниците во ЛШ

Вардар ги дозна противниците во ЛШ

Европскиот ракометен шампион Вардар предмалку ги доби противниците во новата сезона од Лигата на шампионите.

Вардарци оваа година се најдоа во групата „Б“, а за ривали ги добија Веспрем, Киелце, Монпелје, Мотор Запорожје, Мешков Брест, Кил и Порто.

Најдобриот тим од групата ќе се пласира директно во четвртфиналето на најпрестижното ракометно натпреварување, додека екипите од второто до шестото место ќе играат осминафинале со останатите екипи од групите.

Ждрепка за сезоната 2019/2020:

Група А:
ПСЖ
Барселона
Флензбург
ППД Загреб
ПИК Сегед
Алборг
Елверум
Целје

Група Б:
Вардар
Веспрем
Киелце
Монпелје
Мотор Запорожје
Мешков Брест
Порто
Кил

Новата сезона во Лигата на шампионите стартува во септември.