петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Ракомет

Вардар дојде до победа во ЛШ по пауза од четири месеци

Вардар дојде до победа во ЛШ по пауза од четири месеци

Македонскиот ракометен шампион Вардар стигна до првата победа во Лигата на шампионите по пауза од четири месеци, откако вечерва славеше на вториот меч во четири дена против Норвешкиот Елверум со 32-35.

Во првите десет минути во натпреварот се играше во „егал“, по што Вардар прв дојде до поголема предност од три гола (6-9).

Следуваше серија на госитите од 4-1, по која го вратија водството и поведоа со 11-10. Следуваше повторно слаба игра на „црвено-црните“, а во 24. минута за првпат имаа и негатива од три гола 16-13. Следеа нови грешки на играчите на Вардар, а гостите со играч помалку стигнаа и до плус четири (18-14). До крајот на првите 30 минути македонскиот шампион успеа да намали еден гол од разликата и на пауза да замине со негатива од 20-17.

Натпреварот влезе во неизвесна завршница, а во 58. минута Гоце Георгиевски донесе водство од 32-33.

Следеш грешка на Норвежаните, а Вардар преку Чупиќ од пенал дојде до плус два 32-34. Норвежаните кои брзаа направија нова грешка, а „црвено-црните“ конечно по пауза од четири месеци се радуваа на победа во елитното натпреварување.

Тимур Дибиров со девет гола беше најдобар кај Вардар, додека Гоце Георгиевски постигна шест погодоци. Кај поразените Мате и Пујол запишаа по пет гола.

foto:sportmedia.mk

Коронавирус