недела, 12. јули 2020. Вести денес: 135
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Ракомет

Вардар добива нов „џин“ на бековската позиција

Вардар добива нов „џин“ на бековската позиција

Европскиот шампион Вардар е на чекор дa реши уште една позиција во ростерот за следната сезона.

Хрватскиот десен бек, кој минатата сезона беше ракометар на Загреб – Јосип Векиќ е само на чекор до потпис со „црвено-црниот“ тим, дознава 24Ракомет. Тој би требало да биде вториот член на „плинарите“ кој ќе се пресели во Скопје по средниот бек Анте Гаџа.

Векиќ играше во Загреб во првата полусезона во Лигата на шампионите и постигна три погодоци, а вториот дел го мина на позајмица во Дубрава. Во регионалната СЕХА, „плинарите“ не го пријавија десниот бек.

Тој има 22 години, висок е 210 сантиметри и тежок 100 килограми, а Лино Червар го вметна на списокот пред Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска  по повредите на Мартиновиќ и Шебетиќ, но во последен момент се реши да оди на собирот само со Лука Степанчиќ.

Претходно Вардар го засилија Јагуриновски, Кантегрел, Талески, Георгиевски, Санталов и Гаџа, а покрај Векиќ би можел да биде донесе уште еден ракометар на бековските позиции.

Парламентарни избори 2020